Новиот министер за здравство најави промени во Комисијата за заразни болести
Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови, професионални кадри од повеќе области. Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата, изјави за МИА министерот за здравство Беким Сали. Професионалното работење на Комисијата за заразни болести, посочи министерот,…