September 26, 2026

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, приведени повеќе лица

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Read Previous

Реакции поради одложувањето на рочиштето за правниот статус на Центарот за македонски јазик во Грција