ноември 21, 2024

Директорот на битолскиот затвор Драган Крајовски учествуваше на Конференција на Советот на Европа во Португалија

На покана на Советот на Европа, Директорот на КПУ Затвор Битола, Драган Крајовски зеде учество и имаше обраќање на 26-та Конференција на Советот на Европа за директори на затвори и пробациски служби која се одржува на островот Мадеира во Португалија.

Конференцијата е посветена на темата, „Справување со пандемијата”.

Сите говорници ги пренесоја своите искуства и решенија за справување со пандемијата.

Целата конференција се заврши со единствената евалуација дека единствено решение е целосна имунизација како на осудените и притворени лица, така и на вработените. Вакцинирањето на сите осудени и притворени лица, затворскиот персонал значи и овозможување на без рестриктивни посети, викенди, слободни часа и други погодности.

Read Previous

Наставниците на турски наставен јазик при СОУ Гостивар ја бојкотираат наставата

Read Next

ДИК го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори