– Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во рамките на второто издание на Форумот за жени, мир и безбедност, го угости премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во рамките на второто издание на Форумот за жени, мир и безбедност, го угости премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери, јавува Анадолу.
Претседателката Османи изјави дека Северна Македонија е соседна земја која го поддржува Косово. Таа истакна дека Косово и Северна Македонија можат да разменуваат искуства во процесот на европските интеграции и истовремено изрази уверување дека оваа земја ќе продолжи да го поддржува Косово на неговиот европски пат, соопштено е од Претседателството на Косово.
Косовската претседателка изјави дека Косово смета на натамошната поддршка на Северна Македонија во процесот на членство во Советот на Европа, како и во НАТО, ЕУ и другите меѓународни организации.
Премиерот Џафери ја информираше претседателката Османи дека поддршката од Северна Македонија е целосна пред гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово.
На овој состанок, меѓу другото, се разговараше за финализирање на заедничките гранични точки пред почетокот на летната сезона, како и за олеснување на бизнисот меѓу двете земји.