Татко му е првиот фармацевт Турчин во Северна Македонија – неговите три деца втора генерација фармацевти во семејството Али.
ТАЈМБАЛКАН СПЕЦИЈАЛНА ВЕСТ
Ердал, Елиф и Есин се втора генерација фармацевти во семејството Али. И тројцата сега го водат семејниот бизнис кој го основал нивниот татко – магистер по фармација, Ерол Али кој е првиот фармацевт Турчин во Северна Македонија.
По завршувањето на студиите по фармација на Фармацевтскиот факултет, тројцата започнаа да работат во семејната аптека „ХЕРБА“, која ја отворил нивниот татко пред 30 години, за денес да брои повеќе аптеки и „ХЕРБА“ да стане препознатлив бренд во земјава. Ердал, Елиф и Есин се дел од семејната фирма Ата Медика која се смета за една од најзначајните фармацевтски фирми во земјава. По низа успеси и ширењето на бизнисот како што се бројните аптеки кои се препознатливи под брендот „ХЕРБА“ и веледоргеријата, со која ги снабдуваат бројните аптеки низ земјава, овие тројца млади станаа членови на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија и се единствените претставници на турската заедница во државата.
Ердал Али е избран за член на Надзорниот одбор, Елиф Али е избрана за член на Собранието на Комората, додека пак Есин Али е член на Судот на честа на истата.
Значајната улога на овие млади луѓе во Фармацевтската комора е тоа што Ердал Али како како член на Надзорниот одбор има обврска да врши надзор над zаконитоста и правилноста на работењето на Комората, користењето на средствата на Комората и целокупното материјално и финансиско работење на Комората, извршување на обврските на членовите на Коморат, финансиското работење, сметководствените документи, користењето на средствата за работа на стручната служба на Комората.
Елиф Али како член на Собранието учествува во целокупната работа на Фармацевстката комора. Од донесување на годишна програма за работа и финансиски план, до извештаи за нивно спорведување, донесување на Статут, измени и дополнувања на Статутот и други одлуки кои ги донесува Собранието.
Најмладиот член на семејството Али, Есин кој е членка на Судот на честа на Комората, има обврска да oдлучува за повреда на етичките и професионалните норми, повреда на одредбите на овој Статут и другите акти на Комората, неизвршување на обврските на членовите на Комората.
Ердал, Елиф и Есин сметаат дека е одговорна работа да се биде дел од Комората но и голем успех во нивната бранша имајќи ги во предвид дека истите на млади години станаа членови на Комората. Тие сметаа дека ќе придонесат во унапредување на стручноста и етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, и секој сегмент од областа на фармацијата, имајќи во предвид дека во последните години фармацијата претставува многу битен сегмент во нашите животи. Нивната порака до младите е да учат, да се образуваат и да придонесат за унапредување на нашата заедница.