ноември 21, 2024

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлоша ситуацијата од 1945

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека очекува за три до четири месеци да биде најлоша ситуацијата во светот од крајот на Втората светска војна, пренесува РТС.

Зборувајќи за геополитичката ситуација во светот, Вучиќ кажа дека има многу жаришта, а дека големите сили на тоа гледаат според принципот „добро е додека се случува на друго место “.

„Тоа е добро додека се случува на друго место, така мислат тие. Долгорочно, не гледам решение бидејќи некои работи се менуваат, а некои пружаат отпор на промените“, кажа Вучиќ за РТС.

Додаде дека постојат бројни кршења на меѓународните договори, само што некои биле многу прецизни во одредувањето и прикажувањето на оние кои сега ја прекршиле Повелбата на Обединетите нации, а не им било гајле кога истото го правеле тие.

„Но што и да правите, тој вид лицемерие и игра во меѓународната политика, кој е посилен – толчи, и тоа е тоа. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, така што ние треба да ги баталиме нивните приказни за меѓународно право. Ние малите мораме да се држиме до меѓународното право бидејќи тоа ни е единственото за што можеме да се фатиме, а големите, тие ќе толчат и толчат, и ќе биде сè полошо“, заклучи Вучиќ.

Read Previous

ИРАН ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ! Спремни сме за војна, изјави портпаролот на израелските сили

Read Next

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска