September 26, 2026

Над 1.700 наставници се обучуваат за правилна употреба на вештачката интелигенција во наставата

Дигитализацијата на образовните процеси и интегрирањето на вештачката интелигенција (ВИ) во училиштата се меѓу клучните приоритети на Министерството за образование и наука. Ова го истакна министерката Весна Јаневска во гостувањето на 4ТВ, посочувајќи дека по целосното дигитализирање на уписите, нострификацијата и аплицирањето за стипендии и домови, се работи на завршна надградба на системите со цел од следната година сите процеси во МОН да бидат комплетно дигитализирани.

Во однос на примената на новите технологии во училниците, Јаневска нагласи дека во соработка со ФИНКИ, ФЕИТ и приватниот сектор, веќе е завршена обука за околу 1. 000 наставници од основните и средните училишта, а есенва процесот продолжува со уште 700 просветни работници.

– Професорите од Факултетот за информатика при Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип подготвија и посебен прирачник за правилна употреба и за опасностите од вештачката интелигенција, наменет за наставниците, учениците и родителите. Наставниците ги обучуваме како да ја користат ВИ за олеснување на нивната работа – за изработка на наставни ливчиња, презентации и тестови. Од друга страна, учениците ги поттикнуваме преку овие алатки да развиваат креативно и критичко размислување, да препознаваат лажни вести и да споредуваат факти, објасни министерката.

Read Previous

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, приведени повеќе лица

Read Next

„Прва помош во урбана средина“ – почна 32. Државен натпревар во Скопје