Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека нивната парламентарна група до Собранието ќе поднесе предлог закон за измени и дополнување на Законот за игрите на среќа, со кој се предвидува игрите на среќа да бидат преместени исклучиво само во хотели со пет ѕвезди. – Игрите на среќа, казината, спортските обложувалници и сите други игри на среќа да се преместат исклучиво само во хотели со пет ѕвезди. Со законот предвидуваме овие измени да стапат во сила после една година за да им се даде време и на вработените и за да ги преместат овие казина и други игри на среќа во хотели со пет ѕвезди, рече Села и ги повика пратениците од сите парламентарни…