ноември 21, 2024

Четири контејнери опожарени во Куманово: Пожарната единица интервенирала на неколку места

Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на пожар во три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста „Бавчи“. Дополнително, контејнер бил запален и во село Горно Којнаре. Пожарникарите исто така гаселе и ѓубре во село Романовце.

Жителите на булеварот ,,Октомвриска револуција“ постојано се жалат на неподнослива миризба и додаваат дека воздухот дополнително се загадува поради палењето.

Во текот на викендот несовесни граѓани ги фрлиле во река новопоставените садови за смет долж течението на реката Кумановка.

Кумановци бараат брза и навремена реакција од општинските и државните институции за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја уништуваат урбаната опрема.

TV21

Read Previous

Собранието доби нова заштитена просторија според НАТО и ЕУ безбедносни стандарди

Read Next

Коцевски: Имав обврска да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје