Зоолошката градина денеска е затворена, и нема да работи. Евакуирани биле и вработените, пишува Мета.мк.
Како што пренесува порталот, неофицијално се појавила бактерија, а можеби и вирус од гуските со кој може да се заразат и луѓето. Мета пренесува дека во последните денови угинале десетици гуски, а се усмртуваат останатите.
„САКАМДАКАЖАМ“ пренесува дека станува збор за птичји грип, и поради тоа биле усмртени сите птици кои имале контакт со заразена гуска.
Се очекува реакција од Зоолошката во Скопје во текот на денот.
Зоолошката градина во последно време се повеќе е во центарот на вниманието. Пред три дена почина лавот Жика, во август угина и слоницата Дуња.
TV21