October 24, 2026

Мечка угина на автопатот Скопје – Тетово откако во неа удрил автомобил

Како што информира МВР, на 23 октомври околу 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во диво животно – мечка.

На местото бил повикан ветеринар од Зоолошката градина Скопје, кој констатирал смрт кај животното.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Read Previous

Македонските државјани ќе можат полесно да добијат виза за Саудиска Арабија