October 24, 2026

Македонските државјани ќе можат полесно да добијат виза за Саудиска Арабија

Македонските државјани ќе можат да патуваат во Саудиска Арабија со поедноставена визна постапка, откако земјата официјално ги вклучи на листата за добивање туристичка електронска виза или виза по пристигнување.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека оваа можност ќе овозможи побрзо и полесно патување, со намалување на административните постапки.

Според Министерството, олеснувањето создава и дополнителни можности за развој на туристичката размена, унапредување на деловните контакти и зајакнување на поврзаноста меѓу Македонија и Саудиска Арабија.

Read Previous

Српски државјанин возел со брзина од 166 км/ч на место со ограничување од 80км/ч, по три месеци фатен на Табановце

Read Next

Мечка угина на автопатот Скопје – Тетово откако во неа удрил автомобил