септември 16, 2024

Голем пожар во Германија, тројца загинати и 16 повредени

Во текот на ноќта во Дизелдорф, Германија, дојде до голем пожар во кој загинаа три лица, а 16 се повредени.

Како што соопшти полицијата, во киоскот настанал пожар кој се проширил и на станбената зграда. Кога пожарникарите пристигнале на местото, пожарот веќе се префрлил кон првиот кат, жителите биле на балконите, а некои балкони веќе биле полни со чад.

Акцијата за спасување започна веднаш. Три лица се пронајдени мртви, 16 лица се пренесени во неколку болници, а меѓу нив има и неколку чии животи се во опасност.

На местото на настанот имало околу стотина пожарникари.

Во тек е истрага, по што ќе се знаат повеќе информации.

Read Previous

Гласање за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН на 23 мај

Read Next

По конфликтот во поранешна Југославија над 11.000 лица сѐ уште не се пронајдени