November 12, 2026

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија во септември, најголем дел од Турција


Вкупно 136.305 туристи ја посетиле Македонија во септември 2026 година, при што оствариле 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Во вкупниот број ноќевања, 33,8 проценти биле остварени од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.

Најголем број странски туристи во септември пристигнале од Турција – вкупно 27.933. Потоа следуваат туристите од Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот од јануари до септември 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период минатата година. Бројот на домашни туристи пораснал за 2,8 проценти, додека бројот на странски туристи е зголемен за 3 проценти.

Во истиот период, бројот на ноќевања бележи раст од 3,5 проценти. Кај домашните туристи растот изнесува 2,4 проценти, а кај странските 4,6 проценти.

Read Previous

Савески не открива дали ќе биде поднесено обвинение во случајот „Алта банка“, вели Обвинителството постапува кога има основ

Read Next

Балканските лидери повикаа на праведна енергетска транзиција и посилна заштита на природата на КОП31