ноември 22, 2024

Ердоган: Обединетиот туркиски свет ќе го олесни патот кон примирјето и трајниот мир во израелско-палестинскиот конфликт

Ердоган рече дека Република Туркије досега испратила десет авиони со хуманитарна помош во Газа и дека ќе испрати уште, доколку дозволат условите

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека заедничката акција на обединетиот туркискиот свет ќе го олесни патот кон прекин на огнот и постојан мир во израелско-палестинскиот конфликт, јавува Анадолу.

„Не постои ништо што би можело да го оправда она на што сме сведоци од 7 октомври. Не постои збор со кој може да се опише оваа бруталност. Да се ​​каже отворено, во Газа се вршат злосторства против човештвото веќе 28 дена“, рече Ердоган, коментирајќи ги жестоките израелски напади врз Газа за време на неговото обраќање на 10. Самит на Организацијата на туркиски земји во Астана, главниот град на Казахстан.

Ердоган изјави дека Република Туркије досега испратила десет авиони со хуманитарна помош во Газа и дека ќе испрати уште, доколку дозволат условите.

„Нашите напори да организираме меѓународна мировна конференција се во тек“, додаде турскиот претседател.

Нагласувајќи дека Туркије ја одбележува јубилејната 100-годишнина од прогласувањето на Републиката, Ердоган рече дека земјата продолжува да презема чекори кон мирот, просперитетот и безбедноста на целиот туркиски свет.

„Работиме на нови механизми што ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“, рече Ердоган.

AA

Read Previous

Над 10 илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип за една недела

Read Next

Невладиниот сектор со реакција до државниот врв на Северна Македонија за односот на државата кон случувањата во Газа