Над 10 илјади граѓани се вакцинирале против сезонски грип за една кога почна имунизацијата на населението, кажа денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на вакционалниот пункт во Поликлиниката „Бит пазар“ во Скопје.
Само За Една Недела Во Вакциналниот Пункт Во Поликлиника „Бит-Пазар“ Вакцина Против Сезонски Грип Примиле 824 Лица, А Термин За Вакцинација Закажале 3.957 Граѓани. Податоците На Ниво На Целата Земја Го Потврдуваат Високиот Интерес На Граѓаните За Оваа Вакцина, Досега Се Евидентирани 51.649 Пријавени И Над 10.000 Имунизирани Граѓани, Рече Меџити.
Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се одговорни за своето здравје и информирани дека вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки компликации, особено кај ризичните групи.
Тој посочи дека сезонските вакцини се безбедни и ефикасни и играат значајна улога во намалувањето на ширењето на заразните болести, потенцирајќи дека одлуката за имунизација значи посветена грижа за сопственото здравје, но и за благосостојбата на целото наше општество.
Од Витално Значење Е Да Се Подигне Свесноста За Придобивките Од Вакцинацијата И Сите Заедно Да Бидеме Посветени На Нашите Заложби Да Се Заштитиме Себеси И Тие Околу Нас. Важно Е Нашата Заедница Да Биде Добро Информирана И Да Ги Охрабриме Сите Граѓани, А Особено Тие Кои Припаѓаат На Ранливите Групи Да Ја Искористат Можноста За Имунизација Која Може Да Значи И Спас На Животи, Истакна Меџити.
Министерството за здравство, годинава, обезбеди 60 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории граѓани и здравствените работници кои се бесплатни, додека центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини и за комерцијална употреба.
Граѓаните за вакцинација може да се пријават преку веб-страницата: vakcinacija.mk каде ќе добијат СМС-порака со информација каде можат да дојдат и да се вакцинираат против сезонски грип.
Министерството за здравство информираше дека вчера почна кампањата за имунизација од врата на врата, во која постарите лица над 65 години ќе имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза, како и вакцина против сезонски грип, а дечињата да ги примат пропуштените дози од календарот за задолжителна имунизација.
30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во Здравствените домови во државата, ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица или лица заинтересирани за вакцинација.