ноември 23, 2024

Компаниите кои оствариле екстра профит претходните години за време на кризата со енергетика ќе бидат обврзани да платат дополнителен данок

Компаниите кои оствариле екстра профит претходните три/четири години за време на кризата со енергетика ќе бидат обврзани да платат дополнителен данок, пари кои ќе се одлеат  за солидарност. Текстот за овој предлог закон беше одобрен и од Владата на вчерашната седница. 

За време на кризата Македонија имала добиено 80 милиони евра од Европската унија за справувањето со кризата и преживеат компаниите економскиот министер смета дека како држава треба да се покаже посветеност. Колку овој закон ќе ги опфати и приватните енергетски компаниите кои се регистрирани минатата година кои со продажба на струја заработија енорни суми, но немаат бекграунд т.е завршни сметки.   

Воведувањето на овој данок има солидарна функција и ќе обезбеди финансиски средства што во целост би се користеле за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата. Што би значело за стопанствениците Трајан Ангелов претседател на сојузот на стопански комори за телевизија 24 смета дека тоа е дополнителен трошок за компаниите а државата е постојано во некаква криза. 

Во последните четири години компаниите што имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, ќе се спореди нивната добивка во текот на 2022 година и делот што е остварен над 20 отсто во последните четири години, само тој дел ќе биде предмет на оданочување со овој нов данок, еднократен, само за 2022 година, и нема да се повтори. Годините каде што немаат остварено добивка нема да се оданочуваат.

извор:24

Read Previous

Низа неправилности утврдени при контрола на отпади во кичевско

Read Next

Бугарскиот претседател ги распиша петтите парламентарни избори за две години