ноември 22, 2024

Низа неправилности утврдени при контрола на отпади во кичевско

Низа неправилности се утврдени во отпади во кичевско при контролата што заеднички ја направија Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат и Инспекторатот за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа.

Во отпад за половни возила во Кичево, сопственост на Д.А. констатирана е неправилност за извршување на нерегистрирана дејност. Издаден е платен налог и изречена е забрана за извршување дејност од 30 дена. Од Царинската управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со извршување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.

Во отпад во село Грешница на магистралниот пат кај село Зајас, констатирано е дека отпадот не е регистриран и дека има небадажирана вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, сопственост на Х.П. од Кичево во индустриската зона Кичево констатирани се неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба. Од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за извршувањее на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба, додека од страна на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.

Read Previous

Манчестер Јунајтед преку Нотингам до финалето на Карабао куп

Read Next

Компаниите кои оствариле екстра профит претходните години за време на кризата со енергетика ќе бидат обврзани да платат дополнителен данок