ноември 21, 2024

Светска банка: РС Македонија е лидер во регионот по раст на инфлацијата

Извештајот на Светска банка нагласува дека РС Македонија е лидер во регионот по раст на инфлацијата. Декември го завршивме со 18,7% зголемена инфлација, што значи дека на 100-те денари што ги имаме во џебот, реалната вредност им станала 81,3 денари. За споредба, инфлацијата во Црна Гора е пониска и изнесува 17,5%, во уште пониска Србија 15,1%, Хрватска 13,5% и во богатата Словенија 10,3%.

„Забавувањето на растот на бизнисот и инвестициите ќе има катастрофални последици врз образованието, здравството, инфраструктурата и сиромаштијата, вклучувајќи ги и зголемените потреби поради климатските промени“, велат од Светска банка.

Светска банка ги намали и прогнозите за раст за годинава на ниво кое е на раб на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на зголемувањето на каматните стапки, континуираната руска агресија против Украина и колапсот на клучните мотори на глобалниот економски раст. Во 2023 година, Бруто домашниот производ се очекува да порасне за 2,7%, што, доколку се исклучат рецесиите од 2009 и 2020 година е најниска стапка во последните речиси три децении.

„Со оглед на чувствителните економски услови секое дополнително негативно влијание, како што се повисока од очекуваната инфлација, зголемување на каматните стапки за нејзино задржување, оживување на пандемијата КОВИД -19 или ескалација на геополитичките тензии, може да ја поттикне глобалната економија кон рецесија“, велат од Светска банка.

Мрачните перспективи ќе бидат особено тешки за пазарите и економиите во развој, бидејќи тие се борат со големи долгови, слабеење на валутите и приходите, како и забавување на деловните инвестиции кои се предвидува дека ќе растат со годишна стапка од 3,5%. За експертот Абил Бауш, Македонија месецов веќе допрела до рецесија.

„Ние сме во фаза на рецесија, со надеж дека нема да влеземе во подлабока рецесија, како што кажаа и од Светска банка, да не преминеме во фаза на стагфлација. Ние сме во фаза кога очекуваме намалување на инфлацијата во вториот квартал од годинава, но и оваа година ќе помине со одредени економски тешкотии. Економската активност почна да слабее, компаниите се во неволја бидејќи сите суровини, работната сила и другите ресурси се со повисока цена. Принудени се да бараат алтернативни начини за економски опстанок. Од друга страна, јавниот сектор со зголемената инфлација бара да не го загуби својот животен стандард и се турка зголемување на платите“, изјави Абил Бауш, економски експерт.

Постои забавување и во развиените земји, вклучувајќи прогнози за остар пад на економската активност од 0,5% и за Соединетите Американски Држави и за еврозоната. Тоа може да навести уште една глобална рецесија за помалку од три години од сега, се вели во извештајот. Светска банка побара поголема поддршка од меѓународната заедница за земјите со ниски приходи, вклучително и за РС Македонија.

Read Previous

Детектор: Македонците и Албанците гледаат различен виновник за војната во Украина

Read Next

Германската полиција уби Хрват, кој со нож сакал да ги нападне сопругата и децата