ноември 24, 2024

Германската полиција уби Хрват, кој со нож сакал да ги нападне сопругата и децата

Германската полиција застрелала маж кој вооружен со нож сакал да ја нападне својата жена и деца во градот Мосбах.

Според информациите, во петокот се случил инцидент во кој полицијата била принудена да пука во 46-годишниот Хрват Роберт Б., пренесува „Билд“. Тој во психички нестабилна состојба вооружен со нож пристигнал пред куќата на својата поранешна партнерка и нивните деца.

Полицајците набрзо пристигнале на местото на настанот, кои го застрелале бидејќи, како што тврдат, со нож во рака тргнал кон нив. Сосетката Гулбер Д. (68), која се познавала со Роберт и неговото семејство, видела што се случило.

„ Штотуку се враќав од работа. Излегов од автобусот кога го видов Роберт. Имаше нож во десната рака. Ги испружи двете раце и кажуваше библиски стихови. Разговарав со него и се обидов да го смирам, но тој воопшто не ме слушаше“, изјави таа за „Билд“.

„ Тој не беше при себе. Велеше: „Ништо не може да ми се случи. Јас сум Исус“. Се плашев дека ќе направи нешто за да им наштети на поранешната сопруга и децата. Беше многу лут на неа. Тогаш повикав полиција“, изјавила сосетката за германскиот весник.

Кога дошла полицијата се обидела да го спречи со солзавец. Но, тој продолжи да оди кон полицајците држејќи ги рацете над главата, со нож во десната рака. Еден полицаец на крајот испукал повеќе истрели кон Роберт. Иако полицијата и итната помош се обиделе да го спасат, тој починал на местото на настанот.

Според соседите, Роберт боледувал од шизофренија, а ментално болна била и неговата поранешна партнерка. Тие се запознале на психијатрија и прво живееле заедно, но не без проблеми и чести расправии. Имаат две деца, а по две години врска се разделиле. Роберт се преселил во куќа од другата страна на улицата, а судот му дозволил да ги гледа децата еднаш на секои две недели.

„ Најлошото е што неговите две деца видоа сè. Ги тргнаа завесите на прозорецот од балконот и гледаа што се случува надвор. Нивниот татко почина пред нивните очи“, изјавил еден од соседите за „Билд“.

Read Previous

Светска банка: РС Македонија е лидер во регионот по раст на инфлацијата

Read Next

Пред 31 година Бугарија прва ја призна независноста на Македонија