ноември 21, 2024

Детектор: Македонците и Албанците гледаат различен виновник за војната во Украина

Македонците и Албанците гледаат различен виновник за војната во Украина. Етничките Албанци во Македонија сметаат дека Русија е одговорна за војната, речиси половна од Македонците сметаат дека за војната виновен е некој друг, покажува анкетата на „Детектор“, спроведена во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС).

22,1 отсто од граѓаните во Македонија прстот го вперуваат кон Русија, 5,9 проценти кон Украина, а 15,5 отсто сметаат дека виновни се и двете држави за војната која избувна минатата година. Една третина од граѓаните во Македонија сметаат дека некој трет е главниот виновник за војната во Украина.

Но доколку овие податоци се погледнат подетално се гледа големи разлики помеѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци. 56,8 отсто од Албанците велат дека Русија е виновникот за конфликтот, додека кај Македонците, само 10,9 отсто го сметаат овој став.

Поделени се мислењата кај граѓаните на прашањето „Кого поддржувате во војната помеѓу Русија и Украина?“. 21,4 проценти поддршка ѝ даваат на Русија, а 25,6 на Украина. Дури 42,6 отсто од граѓаните одговориле дека не поддржуваат никој..Украина како виновник ја гледаат 4,5 проценти од Македонците, а 10,5 отсто од Албанците. Голема е разликата во одговорот „Некој друг“. Овој одговор го дале 40,8 отсто од Македонците и 10,2 проценти од Албанците.

И кај прашањето за тоа кого поддржуваат во војната се забележува различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 47 отсто од Албанците ја поддржуваат Украина, а 41,1 проценти не поддржуваат никого. Кај Македонците сликата е поразлична и тие се поделени по ова прашање. 27 отсто од граѓаните ја поддржуваат Русија, а 18 проценти Украина. 42,4 отсто од граѓаните кажале дека не поддржуваат никој.


Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.

Read Previous

Решивте да престанете да пиете кафе? Еве какви последици би можеле да ги доживеете

Read Next

Светска банка: РС Македонија е лидер во регионот по раст на инфлацијата