ноември 23, 2024

Анализата за долгот на превозниците  ја одложи исплатата

Анализата за долгот на превозниците  ја одложи исплатата

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се уште не го добил извештајот од Управата за јавни приходи за состојбата на долгот што Градот Скопје го има кон приватните превозници, па затоа не одредиле датум за средба.

Испративме прашања до Управата за јавни приходи за да дознаеме кога може да го испратат извештајот до Владата, но оттаму не дадоа конкретен одговор, само се повикуваат на законот.

Управа за јавни приходи

„Како службени лица, должни сме да ги чуваме како даночна тајна сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дојдовме по даночна, прекршочна или судска постапка, а даночните постапки вклучуваат и постапки за надворешна контрола.  Според тој принцип можеме да дадеме информации само кога од УЈП тоа го бара надлежен орган“.

Прашавме и во ЈСП дали ќе го платат долгот кон приватните превозници, за што превозниците велат дека долгот е констатиран и од УЈП. Но, од ЈСП велат дека не можат да дадат конкретни одговори бидејќи постапката се уште е во тек, и дека покрај УЈП во оваа работа се вклучени и Финансиската полиција и внатрешната ревизија на Град Скопје. приватните превозници вчера ги објавија извештаите на УЈП во кој се констатира дека Град Скопје и ЈСП им должат околу 1,5 милиони евра.

Read Previous

Сообраќајна несреќа во Букурешт: Смачкан автобус со грчки туристи, едно лице загина

Read Next

Осуденик од затворот Идризово со нож нападнал затворски полицаец