Од Управата за извршување на санкции информираат дека денеска осуденик од Отвореното одделение на затворот Идризово без некоја особена причина нападнал затворски полицаец, тој со нож му нанел повреди по телото во вид на посекотини и набиеници.
- „Откако повредениот побарал помош од дежурниот Командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, на кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат. Осуденото лице М.М. иако сеуште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, со употреба на зафат бил веднаш совладан од затворската полиција и издвоен во посебна просторија за да не биде нападнато друго лице“, информираат од Управата за извршување на санкциите.
По инцидентот повредениот затворски полицаец со Итна помош бил префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, а по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување. Осуденикот бил спроведено во Клиниката за психијатрија и по смирување на состојбата бил вратен во установата.