Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Албанија, Еди Рама, го пуштија во употреба системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.
One Stop Shop ќе го олесни движењето и поврзувањето меѓу двете земји. Ќе ги зајакне врските и соработката во сите области, вклучително и во туризмот, истакна премиерот Мицкоски.
„Досега на овој граничен премин имавме контрола – контрола, а сега имаме – контрола и доверба“, изјави албанскиот премиер Рама.


