Маж на возраст од околу 50 години загина, а најмалку 20 патници се повредени во тешката собраќајна несреќа што се случи попладнево во центарот на Букурешт, кога автобус со туристи од Грција удри во столб за мерење на висина.
Автобусот со 47 патници, како што објавија грчките медиуми, тргнал синоќа од Волос, направил пауза во Лариса и во Солун, а денеска, во попладневните часови, пристигнал во романскиот главен град. Според нив, кога шоферот влегол во центарот на Букурешт, не го видел столбот и, веројатно со преголема брзина, удрил во него по што паднал врз кровот на автобусот.