ноември 22, 2024

Бензинот е најевтин во Венецуела, најскап во Хонг Конг – како се движи цената во регионот?

Литар бензин во Венецуела чини само два евроценти, а во Хонг Конг 2,62 евра, додека на Балканот бензинот е најевтин во Северна Македонија.

По руската инвазија на Украина дојде до силен скок на цената на енергијата во светот.

Податоците на веб-страницата Globalpetrolprices за 28 март покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг – 2,62 евра, пренесува AJB.

Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји по цена на литар бензин се и Холандија, Монако, Норвешка и Финска.

Најевтиниот литар бензин во светот е во Венецуела, каде чини само два евроценти (0,023 евра).

Во Либија чини околу три евроценти, а во Иран речиси пет евроценти.

Најевтин е во Северна Македонија

Во земјите од регионот бензинот е најевтин во Северна Македонија – 1,33 евра, а најскап во Црна Гора – 1,74 евра, според Глобалпетролприцес.

Во Србија литар бензин чини 1.495 евра, во Словенија 1.503, во Босна и Херцеговина 1,54, а во Хрватска 1,58 евра.

Литар бензин во САД чини 1,1 евро, а со таа цена и понатаму е многу пониска отколку во останатиот дел од индустријализираниот свет.

Read Previous

Орбан убедлив победник во Унгарија, опозицијата призна пораз

Read Next

Крис Рок за прв пат проговори по шамарот на Оскарите