ноември 23, 2024

Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок

Мировните преговори меѓу Киев и Москва ќе продолжат онлајн од петок, изјави украински преговарач, пренесува Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговорите сè уште не донеле конкретни договори.

Сепак, украинскиот мировен преговарач претходно изјави дека е оптимист по мировните преговори со Русија во Истанбул.

Украина предложи план за неутралност и е подготвена да се откаже од влез во НАТО. Но, советникот на Зеленски, Михајло Подољак, рече дека секоја одлука ќе оди на референдум.

Read Previous

УНХЦР не може да стапи во контакт со свои вработени во Мариупол

Read Next

Израелските сили убија двајца Палестинци во бегалски камп