ноември 23, 2024

УНХЦР не може да стапи во контакт со свои вработени во Мариупол

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) не е во можност да комуницира со некои од своите вработени во украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави високиот комесар на организацијата Филипо Гранди.

– Некои успеаја да излезат. Некои се таму и не можеме да комуницираме со нив во овој момент. Тоа се мои колеги, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.

Гранди повика на „цврсти заложби“ дека нема да има борби за да функционираат коридорите за евакуација, додавајќи дека тоа е „многу сложено и требаат тие уверувања, инаку не може да се спроведе евакуацијата“.

Високиот комесар рече дека агенцијата на ОН помогнала во Харков минатата недела, „но за да се направи тоа требаат цврсти заложби дека нема да има борби и треба малку време“. – Се работи за еден вработен. Не можеме да дојдеме до овој член на тимот повеќе од една недела, изјави вчера за Си-Ен-Ен задолжената за комуникација на УНХЦР во Украина, Викторија Андриевска.

Read Previous

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол

Read Next

Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок