Израелските сили денеска убиле најмалку двајца Палестинци, а ранети се повеќемина, за време на рација на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Едниот од убиените имал 17, а другиот 23 години.
Според израелската војска, нејзините сили и граничната полиција влегле во бегалски камп во градот Џенин, со цел да „уапсат осомничени за тероризам“.
– За време на операцијата, терористи пукале на нашите сили. Израелските трупи одговорија со оган и погодени се вооружени напаѓачи. Еден израелски војник е полесно ранет, се наведува во соопштението на војската. Истовремено, од војската информираа и дека Палестинец денеска избодел Израелец во автобус, во јужниот дел на Западниот Брег. Како што пишува во соопштението, напаѓачот бил застрелан од друг патник во автобусот.