ноември 22, 2024

Москва за денеска најави прекин на огнот со цел да се евакуираат цивили од Мариупол

Руското Министерство за одбрана најави локален прекин на огнот од 9 часот по средноевропско време во Мариупол за да се евакуираат цивилите од градот.

Овој чекор треба да овозможи отворање на хуманитарен коридор кон Запорожје, објаснуваат од Министерството.

– За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да се спроведе со директно учество на претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се додава во соопштението на Министерството.

Украинската страна има рок до 6 часот во четврток наутро да прогласи прекин на огнот и писмено да ги извести Русија, ОН и Црвениот крст. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека спречуваат евакуација на жителите на Мариупол, кој е под жестоки напади на руските сили и со недели е опколен.

Read Previous

САД: Русите се многу блиску до центарот на Мариупол

Read Next

УНХЦР не може да стапи во контакт со свои вработени во Мариупол