Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да најави уште 800 милиони долари нова воена помош од САД за Украина, информираше официјално лице од Белата куќа, јавија странски медиуми.
Парите се дел од дополнителната воена и хуманитарна помош за Украина, во вкупен износ од 13.6 милијарди долари.
Со новата рунда помош, Бајден од стапувањето на функцијата, издвои две милијарди долари помош за Украина. За денеска е најавено и видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Конгресот.