ноември 25, 2024

Тренчевска: Ќе почне процесот на колективно договарање и усогласувањето на платите со СОНК и со останатите синдикати

Заедно со претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со останатите синдикати ќе седнеме на маса  и ќе го отвориме процесот на колективно договарање и усогласувањето на останатите плати, рече синоќа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска посочи дека Владата веќе се изјаснила, дека апсолутно е подготвена да го отвори прашањето за донесување нов општ колективен договор за јавниот сектор, со кој ќе се  уреди и правото на регрес за К-15 и правото на усогласување на платите со минималната плата.

-Нема решение за овие теми само за еден ден. Тие преговори траат и ние сме подготвени да ги започнеме. Затоа треба трпение и од страната на Синдикатот, бидејќи ние како Влада покажавме посветеност во решавањето на прашањата за унапредување  на правата на работниците и на правата од работниот однос, рече Тренчевска во интервју на телевизија Сител. Од ресорното министерство потсетуваат дека со неодамна постигнатиот договор меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, минималната плата се зголеми за околу 3.000 денари. Од 2017 година има континуирано раст на минималната плата. Во 2017/2018 година се зголеми на 12.000 ден, во 2019 година на 12.507 ден, во 2020 на 14.500 денари и во 2021 на 15.194 ден. Сега со новиот Закон за минимална плата таа изнесува 18.000 денари, за разлика од 2016 година, кога минималната плата беше во висина од  10.080 денари. 

Read Previous

СЗО: Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот

Read Next

Бајден ќе најави уште 800 милиони долари воена помош за Украина