ноември 24, 2024

ОН го прогласи 15 март за Меѓународен ден против исламофобијата

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која 15 март го прогласи за Меѓународен ден против исламофобијата.

Резолуцијата е усвоена на предлогот од Турција и од Пакистан до Генералното собрание на ОН во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).

Со резолуцијата се апелира на зајакнување на меѓународните напори засновани на почитување на верските и човековите права, промовирање на култура на толеранција, мир и глобален дијалог.

Во документот силно се осудува сите акти на насилство врз поединци и врз верските објекти поради нивните религиозни убедувања.

Постојаниот претставник на Турција во ОН, Онџу Кечели пред ГС на ОН истакна дека дискриминација врз основа на религијата е апсолутно неприфатлива во демократија и треба да биде осудена, вклучително и исламофобијата и антисемитизмот. – Исламофобијата е реална и растечка закана за човештвото денес и дека се манифестира во многу форми како што се расизам, ксенофобија, нетолеранција и насилство, посочи Кечели. 

Read Previous

Бајден ќе најави уште 800 милиони долари воена помош за Украина

Read Next

ЕУ може да се носи со бранот бегалци од Украина