ноември 24, 2024

Литванија прогласува вонредна состојба и ќе побара активирање на членот 4 од Договорот на НАТО

Властите во Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, денеска соопштија дека ќе воведат вонредна состојба по воздушниот и копнениот напад на руската армија врз Украина.

„Денеска ќе потпишам указ за воведување вонредна состојба“, изјави литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот на националниот совет за одбрана.

Тој додаде дека Литванија ќе побара активирање на членот 4 од Договорот на НАТО, кој предвидува итни консултации доколку членка на Алијансата е загрозена.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осуди рускиот „непромислен напад“ врз Украина.

Во објава на Твитер, тој вели дека со нападот „се доведуваат во ризик безброј животи на цивили“.

„Ова е сериозно прекршување на меѓународното право и сериозна закана за евроатлантската безбедност“, додава тој.

Столтенберг посочи дека сојузниците од НАТО ќе се состанат за да се осврнат на „обновената агресија“ на Русија.

Амбасадорите на НАТО најавија итен состанок.

Read Previous

Ковачевски: Ја осудувам отворената агресија на Русија врз Украина

Read Next

Украинските власти со првични информации: Загинаа 40 војници и десетина цивили