ноември 24, 2024

Украинските власти со првични информации: Загинаа 40 војници и десетина цивили

Најмалку 40 украински војници и десетина цивили се убиени во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави за новинарите советник на украинскиот претседател, пренесоа агенциите.

„Знам дека повеќе од 40 украински војници беа убиени, а неколку десетици беа повредени и дека десетина цивили се убиени низ целата земја“, рече Олексеј Арестович.

Тие загуби се случија во воздушни и ракетни напади во текот на утрото, рече тој, пренесува АФП.

Момче е убиено во регионот Харков кога гранати погодиле станбена зграда, соопшти службата за итни случаи.

Руската војска објави дека проруските сепаратисти во источна Украина и помагаат да постигне успех на терен.

Генералот Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана, на телевизија изјави дека бунтовниците напреднале три километри во областа Доњецк и еден и пол километар во областа Луганск.

Read Previous

Литванија прогласува вонредна состојба и ќе побара активирање на членот 4 од Договорот на НАТО

Read Next

Талат Џафери: Украина не е далеку, последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен, туку и од економски аспект