ноември 24, 2024

Ковачевски: Ја осудувам отворената агресија на Русија врз Украина

Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејбук профил.

– Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбеденоста на Северна Македонија, објави Ковачевски.

Покрај безбедносната состојбата, напиша премиерот Ковачевски, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба.

– Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните, истакна Ковачевски во објавата.

Read Previous

Две македонски семејства побарале помош во Киев соопшти Бујар Османи

Read Next

Литванија прогласува вонредна состојба и ќе побара активирање на членот 4 од Договорот на НАТО