ноември 22, 2024

Бујар Османи ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денес ќе учествуваат на 58-та Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија, од 18 до 20 февруари 2020 година.

За време на Конференцијата, Османи ќе учествуваат на повеќе панели посветени на транс-атлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми. Во организација на сојузната министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, министерот Османи ќе учествува на посебен настан заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, а ќе има и свое излагање на настанот „Празнината во срцето на Европа? Враќање кон Западен Балкан“.  Исто така, ќе оствари билатерални средби со неговите хомолози и високи претставници на меѓународни организации.

Минхенската безбедносна конференција (MSC) се етаблираше како водечки глобален форум на кој бројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните органи најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици. Во фокусот на ова 58 издание на Минхенската конференција за безбедност, оваа година ќе биде посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“.

Read Previous

Прв состанок за зголемување на пензиите

Read Next

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за Бесмира Ејупи: Се работи за исклучителна личност, но тоа не дава право на Владата на ДУИ да злоупотребува положби