ноември 22, 2024

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за Бесмира Ејупи: Се работи за исклучителна личност, но тоа не дава право на Владата на ДУИ да злоупотребува положби

Предлогот Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њујорк е повлечен. Само 48 часа траеше овој скандал, откако на затворена седница на Владата нејзиното име се најде како предлог за конзул, а потоа по бурните реакции во јавноста, повторно на затворена седница беше повлечен. Коментарите и критиките беа пред се околу компетентноста и стручноста на Бесмира Ејупи, која освен тв презентерка, друго искуство нема, односно никогаш не работела како дипломат, ниту пак има такво образование. Но, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски смета дека Бесмира е исклучителна личност. Двајцата се поранешни колеги од ТВ Нова на Сеад Кочан, која повеќе не постои.

-Сум работел со Бесмира и можам да потврдам дека се работи за исклучителна личност чие што време допрва доаѓа.

Но тоа не и дава за право на Владата на ДУИ и помалиот партнер СДСМ да ја злоупотребува положбата и да создава гнев кон млади и квалитетни лица во земјава.

ДУИ и помалиот партнер СДСМ предизвикаа и дозволија сиот гнев за нивното самоволие и можеби лукративност да падне на раменици на Бесмира.

Ова е лекција за сите оние коишто дозволуваат старите истрошени и корумпирани функционери да ги испоганат оние од коишто се плашат. Нема друга позадина. Во сенка на Бесмира треба да мине едно непотистичко решение исто за САД.

Ова е лекција и за неа, како и за сите други млади кои непромислено влетуваат во приказна за недораснати чевли.

Особено во приказните на Владата на ДУИ и на помалиот партнер СДСМ, напиша Стоилковски на Фејсбук.

Read Previous

Бујар Османи ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен

Read Next

Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи