ноември 22, 2024

Прв состанок за зголемување на пензиите

Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите се очекува да се одржи денеска, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение.

На состанокот, како што изминатите денови најавија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се разговара за можноста за промена на методологијата која би се донела низ дијалог со сите страни.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, порачаа владините претставници.

– Во однос на методологијата, имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување на пензиите, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат, изјави премиерот Ковачевски.

Од Владата најавуваат и пакет финансиска поддршка за пензионерите имајќи ја предвид енергетската и економска криза.

Read Previous

Норвешка одби да испрати војници во Источна Европа

Read Next

Бујар Османи ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен