ноември 23, 2024

Уапсено лицето кое му се закануваше со смрт на обвинителот Јовески, го издал потписот

Приведен е 56 годишен маж во Битола под сомнение дека тој им испратил заканувачкте писма на шефот на македонското Обвинителство Љубомир Јовески и на раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Во едно од писмата заканувачот напишал дека Јовески ќе биде убиен многу брзо. Од МВР најавуваат подоцна повеќе детали.

Јовески преку соопштение на 27 јануари ја извести јавноста дека добил писмо преку препорачана пратка од Битола, во кое биле напишани закани по неговиот живот. Авторот на писмото се претставил како припадник на терористичка организација и барал да бидат ослободени од гонење двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, постапка за која од Обвинителството нагласуваат дека веќе е запрена во декември 2021, бидејќи нема место за гонење од страна на јавен обвинител.

Препорачаното писмо со заканата било напишано на македонски и на англиски јазик.

Во писмата до Рускоска бил наведен ултиматум да ги гони тогашниот премиер Зоран Заев и неговиот брат, во спротивност била напишана закана по нејзниниот живот.

Read Previous

Данска ги укина повеќето ковид мерки

Read Next

Делчево во чест на Гоце Делчев, низа културни активности