ноември 23, 2024

Данска ги укина повеќето ковид мерки

Данска стана една од првите земји од Европската Унија која ги укина повеќето рестриктивни мерки бидејќи скандинавската земја повеќе не го смета ковид 19 за „критична болест за општеството“.

Причината за тоа е што иако варијантата омикрон е во пораст во Данска, таа не претставува големо оптоварување за здравствениот систем и земјата има висока стапка на вакцинација, велат властите.

Данска има повеќе од 50.000 случаи на ден во просек во последните недели, додека бројот на луѓе во болничките оддели за интензивна нега е намален.

Шефот на данската здравствена администрација, Сорен Бростром, за данската ТВ2 изјави дека неговото внимание е насочено кон бројот на луѓе на интензивна нега, а не на бројот на заразени. Тој рече дека бројот „паѓа и паѓа и е неверојатно мал.“ Бростром додава дека во моментот 32 пациенти биле заразени со корона вирусот на интензивна нега. Пред неколку недели имаше 80.

Read Previous

Во регионот на Штип секој втор позитивен на Ковид 19

Read Next

Уапсено лицето кое му се закануваше со смрт на обвинителот Јовески, го издал потписот