ноември 23, 2024

Во регионот на Штип секој втор позитивен на Ковид 19

Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека бројката на активни случаи не е висока во споредба со одредени градови во земјава.

Но, нивните анализи покажуваат дека изминатите три до четири дена 50 отсто од тестирани се позитивни на вирусот. Во штипскиот пункт дневно се тестираат околу 40 граѓани, според ова секој втор тестиран е позитивен на коронавирсот.

Податоците покажуваат дека најголем број од заразените се над 60 години, а имаат спорадични случаи од помладата популација.

Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека во Инфективното одделение хоспитализирани се 50 пациенти, а на Кожното одделение со полесна клиничка слика се шестмина пациенти. Во дневната амбуланта прегледани се 34, а едно лице од Свети Николе на возраст од 59 години ја загуби битката со вирусот.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да не се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, нека го провери орманот за струја каде има диво приклучен кабел за струја

Read Next

Данска ги укина повеќето ковид мерки