ноември 22, 2024

Љупчо Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денека поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Николовски во писмената оставка изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

“Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците”, се наведува во писмената оставка.

Read Previous

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп: Турција секогаш ќе го поддржува Балканот да живее во мир и просперитет, како што правеше досега

Read Next

Адвокатите на Мијалков: Нема да бега, никогаш со своето однесување не покажал дека може да биде недостапен за органите на прогонот