На 12 декември СДСМ го бира наследникот на Зоран Зоран на чело на партијата од тројца кандидати: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.
Ковачевски вчера почна да ја промовира својата програма, а во неговиот тим е и Миле Зечевиќ, кој иако најави, не поднесе кандидатура.
На прашањето дали е фер што лидерот на СДСМ Зоран Заев застанал зад еден од кандидатите за нов лидер на партијата, Зечевиќ рече дека тоа не е невообичаено.
-Не е исклучок и во другите политички партии лидерот да го избере својот наследник односно кандидатот за наследник за кој смета дека најмногу ќе придонесе за зачувување на она што значи партиско единство и претпоставувам дека господинот Заев од повеќе аспекти ги оценил и проценил сите идни ситуации и застанал позади кандидатот Димитар Ковачевски, одговори Зечевиќ.