ноември 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ очекува коалицијата со Алтернатива на локално ниво да продолжи, без разлика што се договорија со Заев

ВМРО-ДПМНЕ очекува соработката со Алтернатива на локално ниво да продолжи, без разлика што влегоа во владина коалиција со Зоран Заев. Како што е познато во советите на локално ниво, пред се Град Скопје ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива коалицираа.

-Очекуваме советниците на партијата Алтернатива да продолжат да ги поддржуваат сите проекти кои што ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, бидејќи тие се значајни за граѓаните ако се има предвид поддршката која што ја дала Алтернатива на оваа најкриминална и најкорумпирана влада која што функционира во независна Република Македонија, изјави портпаролот на ВМРО-ДППМНЕ Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Read Previous

Османи: ДУИ нема ништо против за бројот на ресори кои ги доби Алтернатива

Read Next

Зечевиќ: Нема ништо чудно Заев да застане зад Ковачевски