ноември 23, 2024

Нобеловката Аунг Сан Су Чи осудена на четири години затвор

Судот под контрола на воената хунта во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот.

76-годишната Аунг Сан Су Чи, која беше уапсена од армијата по државниот удар на 1 февруари, е во домашен притвор. Таа тогаш беше обвинета за корупција, бунт и изборна измама.

Read Previous

Зечевиќ: Нема ништо чудно Заев да застане зад Ковачевски

Read Next

Од денеска задолжителен тест за влез во Британија