November 10, 2026

Собранието повторно ќе го разгледува Законот за јавни набавки, на дневен ред и договорот со Албанија за заеднички гранични контроли


Законот за јавни набавки денеска повторно се враќа во Собранието, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за негово прогласување.

За законските измени се поднесени 2.158 амандмани, од кои најголемиот дел се од СДСМ. Во меѓувреме, парламентарното мнозинство предлага бришење на членот 13, со кој се предвидуваше можност за неограничено повторно именување на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Претседателката се спротивстави на оваа одредба, оценувајќи дека таа може да доведе до концентрација на моќта и да го загрози владеењето на правото.

На денешната седница ќе се разгледуваат и измените на Буџетот за 2026 година, како и неколку други закони. На дневен ред е и договорот со Албанија за спроведување заеднички гранични контроли.

Read Previous

Од 1 декември нови правила за боледување: Дополнителни прегледи по пет дена

Read Next

Во балканските земји се одржаа комеморативни церемонии за Ататурк