ноември 22, 2024

Ковид-сертификатот на ЕУ истекува 12 месеци по втората доза на вакцината

Европската комисија денеска, како што јавува порталот Еуроактив, повикувајќи се на извори во Брисел, треба да предложи да се продолжи важноста на сертификатот за ковид-19 за патување во ЕУ. Според изворите, сертификатот ќе престане да важи една година по примањето на последната доза од вакцината. Засега не е јасно дали предлогот на Комисијата ќе има форма на делегиран акт или препорака. Се наведува дека членките на ЕУ во принцип се согласуваат со ставот на Комисијата, но дека не сакаат да прават „премногу врева поради тоа“, имајќи предвид дека некои од нив имаат голем број невакцинирани лица.

Романија, Бугарија, Унгарија, Чешка и Грција веќе нудат трета доза од вакцината за граѓаните од сите возрасти. Белгија штотуку се приклучи на таа група земји, која третата доза ќе почне да ја дава на општата популација на почетокот на 2022 година. Други земји препорачаа трета доза за постарите лица и оние со здравствени проблеми. ЕУ деновиве бележи значително зголемување на бројот на заразени и починати од ковид-19.

Read Previous

Претседателката на парламентот во Норвешка поднесе оставка зашто користела службен стан, а немала потреба

Read Next

Две жени ќе го водат Скопје, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците заменичка на Данела Арсовска