ноември 22, 2024

Претседателката на парламентот во Норвешка поднесе оставка зашто користела службен стан, а немала потреба

Претседателката на парламентот во Норвешка, Ева Кристин Хансен, поднесе оставка од функцијата затоа што е под истрага дека како пратеничка користела службено сместување иако реално немала потреба од тоа.

Хансен беше избрана за претседателка пред околу еден месец, а оставката следува откако полицијата соопшти дека отвора истрага.

„Мислам дека е неодржливо парламентот да има претседателка која е под истрага“, изјава Хансен за норвешката новинска агенција НТБ.

Истрагата следува откако медиумите објавија дека таа додека била пратеничка продолжила да го користи службениот стан во Осло и по 2014 година, односно откако со нејзиниот сопруг купиле куќа на 29 километри од главниот град. Хансен промена на адресата пријавила дури во 2017 година, а изјави дека погрешно ги разбрала прописите.

Според норвешките правила, пратениците може да користат службено сместување само доколку живеат повеќе од 40 километри од Осло.

Read Previous

Финансиска полиција влезе во Тетово, Касами вели се врши политички притисок

Read Next

Ковид-сертификатот на ЕУ истекува 12 месеци по втората доза на вакцината