ноември 23, 2024

Две жени ќе го водат Скопје, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците заменичка на Данела Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, Арсовска свечено и го врачи решението, при што на денешната средба со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври оваа година.

Read Previous

Ковид-сертификатот на ЕУ истекува 12 месеци по втората доза на вакцината

Read Next

Австрија од денеска во целосно заклучување